Новости
ЗА НАС
"Биоком Тренд" ДООЕЛ е докажан лидер во снабдување со современи и иновативни решенија за безбедност и хигиена на суровини, готови производи и површини во целата прехранбена индустрија, трговски ланци, хотели, ресторани, угостителски објекти, кетеринг фирми, медицински установи, лаборатории, козметика, фармација, производители на жито, преработувачи на жито, земјоделци, ветеринарни објекти.
Нашата водечка позиција по којашто се водиме во дејноста е грижа за човековото здравје преку безбедно производство и дистрибуција на квалитетна храна низ синџирот на исхрана - "од поле до вилушка".
Компанијата е ексклузивен претставник на докажани светски производители на современи научни технологии за микробиолошки и физичко-хемиски мониторинг на храните. Освен тоа, заедно со водечки научници и специјалисти во соодветната индустрија, развиваме свои иновативни производи прилагодени на потребите на нашите клиенти.