β-лактами, тетрациклини, сулфонамиди, Афла М1

Тест за истовремено откривање на β-лактами, тетрациклини, сулфонамиди и Афлатоксин М1 во млеко – формат лента
Предности
- Ефикасно - истовремено ги детектира трите најчести групи на антибиотици (β-лактами, тетрациклини и сулфонамиди) + Афлатоксин М1 со една анализа
- Применливо за кравјо, козјо, овчо и биволско млеко.
- Брзи резултати за само 10 минути
- Лесен за употреба – изведен во лабораториски и теренски услови
- Визуелна интерпретација на резултатите
- Со обезбедени позитивни и негативни контроли
- Се испорачува со микропипета од 200 μl и врвови за еднократна употреба
Извршување на тестот
- Додадете 200 μl млеко во микрокладенчето со реагенсот.
- Ставете го микрокладенчето во инкубаторот. Инкубирајте 3 минути на 35°C.
- Кога ќе истечат 3-те минути, ставете ја тест лентата во микрокладенчето. Инкубирајте уште 7 минути.
- Прочитајте го резултатот визуелно.


Интерпретација на резултатите
- Ако тест линиите се повеќе заситени (видливи) или толку заситени како контролната, тогаш примерокот е негативен и има пониски концентрации на антибиотици од нивоата на детекција.
- Доколку тест линиите се помалку заситени од контролната или не се видливи, примерокот се смета за позитивен и има концентрации на антибиотици еднакви или повисоки од нивоата на детекција.







