DipSensor
DipSensor
Џебен тест за истовремено откривање на β-лактами, тетрациклини и цефалексин во млекото

Прeдности

  • Ги открива двете најчести групи на антибиотици - тетрациклини и β-лактами, со издвоена лента за цефалексин
  • 10 минути на собна температура
  • Лесно земање точен примерок со епрувета од комплетот
  • Нема потреба од дополнителна опрема
  • Широк температурен опсег на примерокот од млеко - од 4 до 37 степени
  • Лесен за употреба тест во еден чекор: земете примерок од сурово млеко со епруветата од комплетот, поставете ја лентата и прочитајте го резултатот
  • Визуелна интерпретација
  • Ги намалува трошоците поради пониската цена за потрошен материјал
Biokom Trendafilov
Biokom Trendafilov

Изработка на тестот:

  1. Потопете ја епруветата во млекото
  2. Вметнете ја тест лентата во епруветата за млеко
  3. 10 минути на собна температура
  4. Прочитајте го резултатот

Визуелно толкување:

  • Ако линиите за тестирање се позаситени (видливи) од контролната, примерокот е негативен.
  • Ако линиите за тестирање се помалку заситени или заситени како контролната, примерокот се смета за позитивен и има концентрации на антибиотици еднакви или повисоки од максимално дозволените.
  • Ако линиите за тестирање не се видливи, тоа е показател за многу поголема концентрација на посочените групи на антибиотици во примерокот.
Biokom Trendafilov
 
 

ПОСЛЕДНО ВИДЕНИ ПРОИЗВОДИ