Biokom Trendafilov > Product Page
Porta SCC овчо млеко
Porta SCC овчо млеко

Тестот за овчо млеко PortaSCC е лесен и надежден полев метод за тествање на здравствениот статус на вимето на оделни овци.

PortaSCC дава можност на производителите да превземат брзи мерки за лечење пред субклиничкиот мастит да прогресира во клинички.

Бројот на соматските клетки е показател за здравствената состојба на овците. ВБСК (вкупен број соматски клетки) е вклучен како индикатор во квалификацијата на суровото млеко заедно со ВБМ (вкупен број на микроорганизми).
Додека микробните клетки говорат за чистотата на млекото и всушност имат надворешно потекло, соматските клетки се внатрешен показател, кој што говори за здравствената состојба на животното.

Општо е прифатено дека, на ниво со помалку од 500 000 клетки/мл е индикатор за висококвалитетно овчо млеко.
Ако тие се повеќе од нормалното, тоа означува дека во животното се развиват воспалителни процеси - најчестата причина е скриен или отворен мастит.

Стопанските загуби од ова заболување се големи, бидејки при силната форма голем број од заболелите умираат, а вимето на сите кои што боледувале атрофират и овцете се бракуват.

Мониторингот на вимето на секоја овца за соматски клетки го подобрува здравениот статус на стадото, ја зголемува добивката на млеко и дополнителното плаќање за предадено висококвалитетно млеко.

Biokom Trendafilov

Примена:

  • Откривање на субклинички и клинички мастит 
  • Верификација на ефективноста на лечењето 
  • Секој месечна проверка на здравениот статус на животните 
  • Проверка на овците со сомнеж за мастит 
  • Проверка на животни пред купување и пред  осеменување 
  • Мониторинг на хигиената на процесот на молзење

Предности:

  • Резултати за 60 минути
  • Погоден за едновремено тестирање на голем број проби 
  • Лесен за употреба - се исполнува во 3 елементарни чекори - Не е необходно специјална обука 
  • Резултатите се читаат со помош на шаблон
Biokom Trendafilov
Biokom Trendafilov

Изработка на тестот:

  1. Со помош на пипетата од комплетот префрлете 1 капка млеко во кладенчето на лентата. Почекајте млекото да се абсорбира целосно од кладенчето.
  2. Додадете 3 капки разтвор за активација во кладенчето на лентата и почекајте 45 минути пред да го прочитате резултатот.
  3. Прочитајте ги резултатите со помош на шаблонот од комплетот или со дигитален читач

ПОСЛЕДНО ВИДЕНИ ПРОИЗВОДИ