TWINSENSOR

Брз тест за откривање на остатоци од β-лактамни и тетрациклински антибиотици
Предности
- Истовремено ги открива двете најчесто користени во сточарството групи антибиотици – β-лактами и тетрациклини
- 6 минути на 40°С
- Открива антибиотици под MRL
- Можност за визуелно и инструментално читање
- Погоден за сите видови млеко (UHT, сухо, сурово млеко)
- Погоден за секој тип млеко - кравјо, овчо, козјо, биволско
- Практичен - тестот може да се употреби на местата за откуп
- Лесен за употреба - со него работат како лаборанти, така и откупувачи и шофери


Изработка на тестот:
Исполнување во неколку едноставни чекори
- Додадете 200μl млеко во микроепруветката со реагенс
- Ставете ја микроепруветката во инкубаторот Heatsensor DUO. Инкубирајте 3 минути на 40 ° C
- Кога ќе поминат 3-те минути, ставете ги тест лентите во микроепруветката. Инкубаторот автоматски ќе ја започне втората 3-минутна инкубација
- Прочитајте го резултатот визуелно или инструментално со Readsensor 2
Визуелна интерпретација
- Ако тест линиите се поизразени (видливи) од контролата тогаш пробата е негативна и е со помала концентрација на антибиотици од од посочените во табелата.
- Ако тест линиите се помалку изразени или исто изразени колку контролата, пробата се чита за позитивна и е со концентрација на антибиотици еднаква или повисока од од наведените во табелата.
- Ако тест линиите са невидливи тоя иницира за многу повисоки концентрации на антибиотици од дозволеното


- Негативно
- Позитивно за β-лактамски антибиотици
- Позитивно за тетрациклински антибиотици
- Позитивно на β-лактамни антибиотици и тетрациклини