Брз тест за откривање на β-лактами, тетрациклини, стрептомицин и хлорамфеникол - касета

Брз тест за откривање на β-лактами, тетрациклини, стрептомицин и хлорамфеникол во млеко
Предности
- Истовремено детектира β-лактами, тетрациклини, стрептомицин и хлорамфеникол
- Применливо за кравјо, козјо, овчо и биволско млеко.
- Применливо за секаков вид млеко (пастеризирано, суво, сурово млеко)
- Нема потреба од дополнителна опрема
- Отчитување за 5 минути
- Широк температурен опсег на примерокот од млеко од 8 до 25 степени
- Лесен тест во еден чекор: капнете 4 капки млеко и прочитајте го резултатот
- Со можност за визуелна и инструментална интерпретација на резултатите
.png)
Извршување на тестот
- Земете примерок од млеко со приложената пипета;
- Капете 4 полни капки (без воздух) во кружниот отвор на касетата;
- Отчитајте го резултатот визуелно или инструментално со читач и софтвер

Интерпретација на резултатите
• Ако тест линијата е повеќе заситена (видлива) од контролната линија, примерокот не содржи антибиотици или содржи антибиотици на ниво под границата на детекција.
• Ако тест линијата е иста како контролната линија, примерокот содржи антибиотици блиску до границата на детекција.
• Ако тест линијата е помалку заситена од контролната линија или не е видлива, примерокот содржи антибиотици над границата на детекција.







