β-лактами, тетрациклини и сулфонамиди – касета
β-лактами, тетрациклини и сулфонамиди – касета
Брз тест за откривање на β-лактами, тетрациклини и сулфонамиди во млеко

Предности

  • Детектира β-лактами, тетрациклини и сулфонамиди истовремено
  • Применливо за кравјо, козјо, овчо и биволско млеко.
  • Применливо за секаков вид млеко (пастеризирано, суво, сурово млеко)
  • Нема потреба од дополнителна опрема
  • Отчитување за 5-минути
  • Широк температурен опсег на примерокот од млеко - од 8 до 25 степени
  • Лесен тест во еден чекор: додадете 4 капки млеко и прочитајте го резултатот
  • Со можност за визуелна и инструментална интерпретација на резултатите

Извршување на тестот

  1. Земете примерок од млеко со пипетата што е приложена во комплетот;
  2. Капнете 4 полни капки (без воздух) во кружниот отвор на касетата;
  3. Прочитајте го резултатот визуелно или инструментално со читач и софтвер.
 
 
 
 
Biokom Trendafilov

Интерпретација на резултатите

  • Ако тест линиите се повеќе заситени (видливи) или толку заситени како контролната, тогаш примерокот е негативен и има пониски концентрации на антибиотици од нивоата на детекција.
  • Доколку тест линиите се помалку заситени од контролната или не се видливи, примерокот се смета за позитивен и има концентрации на антибиотици еднакви или повисоки од нивоата на детекција.