Тест за детекција на β-лактами, тетрациклини, сулфонамиди и хинолони – касета

Брз тест за детекција на β-лактами, тетрациклини, сулфонамиди и хинолони во млеко
Предности
- Детектира β-лактами, тетрациклини, сулфонамиди и хинолони истовремено
- Применливо за кравјо, козјо, овчо и биволско млеко.
- Применливо за секаков вид млеко (пастеризирано, суво, сурово млеко)
- Нема потреба од дополнителна опрема
- Отчитување за 5 минути
- Широк температурен опсег на примерокот од млеко од 8 до 25 степени
- Лесен тест во еден чекор: капнете 4 капки млеко и прочитајте го резултатот
- Со можност за визуелна и инструментална интерпретација на резултатите
Извршување на тестот
- Земете примерок од млеко со пипетата што е приложена во комплетот;
- Капете 4 полни капки (без воздух) во кружниот отвор на касетата;
- Отчитајте го резултатот визуелно или инструментално со читач и софтвер.
.png)
Интерпретација на резултатите
- Ако тест линијата е поинтензивна од контролната линија, примерокот не содржи антибиотици или содржи антибиотици блиску до границите на детекција.
- Ако тест линијата е иста како контролната линија, примерокот содржи антибиотици блиску до границите на детекција.
- Ако тест линијата е помалку интензивна од контролната линија или не е видлива, примерокот содржи антибиотици над границите на детекција.







