Тест за откривање на β-лактами, тетрациклини, сулфонамиди и хинолони – лента

Брз тест за откривање на β-лактами, тетрациклини, сулфонамиди и хинолони во млеко
Предности
- Истовремено детектира β-лактами, тетрациклини, сулфонамиди и хинолони
- Применливо за кравјо, козјо, овчо и биволско млеко.
- Применливо за секаков вид млеко (пастеризирано, суво, сурово млеко)
- Нема потреба од дополнителна опрема
- Читање за 6 минути
- Широк температурен опсег на примерокот од млеко - од 8 до 25 степени
- Лесен тест во еден чекор: додадете 4 капки млеко и прочитајте го резултатот
- Со можност за визуелна и инструментална интерпретација на резултатите
Извршување на тестот
- Земете примерок од млеко со приложената пипета;
- Префрлете го примерокот од млеко во микрокладенњето и вметнете ја тест лентата;
- Почекајте 6 минути и прочитајте го резултатот визуелно или инструментално.
.png)
Интерпретација на резултатите
- Ако тест линиите се повеќе заситени (видливи) или толку заситени како контролната, тогаш примерокот е негативен и има пониски концентрации на антибиотици од нивоата на детекција.
- Ако тест линијата е иста како контролната линија, примерокот содржи антибиотици блиску до границата на детекција.
- Ако тест линијата е помалку интензивна од контролната линија или не е видлива, примерокот содржи антибиотици над границата на детекција.






