
Сотавот и својствата на нормалното млеко се менуват под влијание на многу и различни фактори. Тоа дава можност во праксата млекото да се фалцификува на различни начини, понекогаш и без оделните показатели (густина, масленост, сува содржина и сув безмаслен остаток) да излегуваат надвор од границите за нормалното млеко. Во млекото може да се додадат различни субстанции или да се одземе дел од неговата масленост. Млекото се смета за фалцифицирано, ако се додадени несвојствени за него субстанции.
Во пракса се користат различни фалцификати, за цел на нивно откривање се користат следните тестови:
- Тест за откривање на комбинирани фалцификати на сол и шекер во млекото
- Тест за откривање на сол во млекото
- Тест за откривање на сода во млекото
- Тест за откривање на нишесте во млекото
- Тест за откривање на бикарбонат во млекото
- Тест за откривање на уреа и амоњак во млекото
- Тест за откривање на шекер во млекото
- Тест за откривање на формалдехид во млекото

1.Тест за откривање на комбинирани фалцификати на сол и шекер во млекото
Се мешаат 1,7 мл млеко и 1 мл од раствор №1. После тоа се додават 3 капки од раствор №2.

2.Тест за откривање на сол во млекото
Се мешаат 1,7 мл млеко и 1 мл од раствор №1. После тоа се додават 3 капки од раствор №2.

3.Тест за откривање на сода во млекото
На 5 мл млеко се додават 4 капки од растворот. Се образува прстен на површината на млекото.

4.Тест за откривање на нишесте во млекото
На 5мл млеко се додава 1 мл од разтворот.

5.Тест за откривање на бикарбонат во млекото
На 1мл млеко се додаваат 3 капки од растворот.

6.Тест за откривање на уреа и амоњак во млекото
20 мл млеко се загрева на водена бања до t=40-45 °С.На загреаното млеко се додава 1мл од раствор №1. Сместа се остава 10 минути. Се мешаат 2 мл од оделената сурутка и 1 мл од разтвор № 2. Се промешува и се следи промената на бојата до 20 сек.

7.Тест за откривање на чекер во млекото
На 1мл млеко се додават 2 капки од р-р №1 и 1мл од раствор №2. Бојата на пробата се чита до 30 секунди.

8.Тест за откривање на формалдехид во млекото
На 2мл млеко се додава 0.5мл од растворот и пробата се загрева на спиртна ламба до кипење на течноста. Млекото се пресекува и се чита бојата на пробата.

9.Тест за откривање на пероксид во млекото
На 2мл млеко се додават 10 капки од растворот.