Проверка на чистење и хигиена за време на пандемијата COVID-19. За само 10 секунди EnSure Touch покажува дали површината е исчистена ефикасно

Сфаќаме дека било кој човек без да сака може да биде изложен на ризик. Пренесувањето на инфекцијата може да се случи индиректрно преку допир на опрема, производи и предмети на кои има присуство на респираторни секрети и вируси. Покрај тоа вирусот убиец предизвикан COVID-19 живее врз предметите и површините за подолг временски период. Загадените предмети, површини и опрема се најлесниот начин за ширење на инфекцијата, затоа од суштинско значење е рацете на персоналот, предметите, кои што доаѓаат во контакт со кожата и/или мукозните мембрани) и површините честопати да се чистат и дезинфицираат. Но што ни гарантира дека чистењето и дезинфекцијата се извршени толку ефикасно што имаме целосна безбедност? Повеќе од децении, ATФ биолуминесценцијата се користи како многу ефекасен брз метод за валидирање и проверка на ефективноста на чистењето и да се идентификуваат изворите на загадување. Површините и опремата за преработка на поизводи, кои биле во случаен контакт со раце на персоналот, респираторен секрет или контаминирана суровина, содржат големи количини АТФ, т.е. аденозин трифосфат (универзален носител на енергија), така што невидливите остатоци од АТФ, оставени на површините по чистењето се точна и објективна мерка за ефикасноста на процесот на чистење. Поради оваа причина откривањето на АТФ на површината по чистењето е показател за лошо чистење и зголемен ризик од преостаната контаминација. Биоком Тренд нуди најнова генерација АТФ систем за брза контрола на чистењето EnSure Touch на Hygiena - брза, 10 секундарна хигиенска контрола на квалитетот на чистење на рацете на персоналот, сите површини и опрема кои што се во контакт со персоналот.

Интервју на Seve Nason од Hygiena на ABC Сан Диего, ТВ канал во САД