Биоком Трендафилов на "Булмедика-Булдентал 2019”
„Биоком Трендафилов” ЕООД учествуваа на меѓународната специјализирана изложба БУЛДЕНТАЛ 2019.
от 15 до 17 мај 2019г.
во Интер Експо Центар – Софија
Фирмата го претстави своето иновативното решение за дезинфекција во здравствени установи - систем Nocospray.
NOCOPRAY e уникатен систем за дезинфекција на база на водороден пероксид со бактерицидно, фунгицидно, вирусоцидно и спороцидно дејство. Се состои од генератори на гас, погоден за простории со различни волумени и дезинфектанти, достапен во различни пакувања. Системот е ефикасен помеѓу најопасните патогени - Escherichia coli, Рseudomonas Aeruginosa, Clostridium difficile, Enterococcus hirae, Staphylococcus aureus, габи од родот Candida, Mycobacterium terrae, др.
Со системот се постига ефективна дезинфекција на воздухот и сите површини - уредот го претвора дезинфектантот во гас и создава вештачки проток во просторијата, така што на тој начин обезбедува дезинфекција дури и на најтешко достапните места.
Nocospray ги дезинфицира алатите, опремата и сите површини. Поради посебниот режим на претварање на дезинфектантот во гасовита состојба, при контакт со површините не предизвиква корозија и оксидирање. Со системот можат да се третират секакви површини, вклучително и електроника. Дезинфектантот е целосно биоразградлив, безопасен е за животната средина и луѓето. Не предизвикува алергии. Освен тоа е исклучително економичен - 1 мл е доволен за третирање на 1м³ обем.
Nocospray е автоматизиран систем, што не бара човечка интервенција, бидејки може да се вклучи преку функција одложен старт, а откако ке вклучиме и автоматско запирање, ова го прави многу погоден за секојдневна дезинфекцја за време на неработните часови во просторијата.





