........MicroSnap - БРЗА МИКРОБИОЛОШКА КОНТРОЛА
Што е MicroSnap?.jpg)
MicroSnap е брз биолуминогенен метод за откривање и броење на микроорганизми, давајки резултати за помалку од 8 часа.
MicroSnap е двостепена анализа и се состои од уред за збогатување и уред за откривање, кој содржи биолуминогени реагенси.
Кога Microsnap ќе ги открие целните микроорганизми, испушта светлина, што се мери со луминометарот EnSure Touch. Квантитативните резултати Ви се достапни директно на екранот на уредот, овозможувајки моментално корективно дејство. Резултатите се чуваат и следат со софтверот Sure Trend Cloud овозможувајки понатамошна анализа и обработка на податоците.
Предности на MicroSnap:
- Единствен брз тест, кој дава резултат уште истиот ден, за микробиолошка контаминација - Вкупен број микроорганизми, Enterobacteriacea, Coliforms, E. Coli
- Идентификува проблематични места во рок од неколку часа, а не денови – резултат од 6-8 часа споредено со 24-48/72 часа за конвенционални методи
- Тестирање на површини, суровини, краен производ, течности и опрема
- Можност за превземање на навремени корективни активности, во случај на сигнал за микробиолошка контаминација.
- Валидиран од AOAC
- Брза проценка за ефективноста на чистењето и дезинфекцијата
- Побрзо ослободување на производот
- Подобрување на ефикасноста на лабораториите и производните процеси
МИКРОБИОЛОШКИТЕ АНАЛИЗИ НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ТОЛКУ ЛЕСНИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ!



