Помошни суровини и материјали


Натамицин Tredimix
Натамицин Tredimix е ефикасен против широка гама мувли и квасци. Го подобрува изгледот и трајноста на прехрамбените производи.
- Го намалува ризикот од образувањето на квасни микотоксини;
- Нема влијание врз надворешниот изглед , вкус, арома или бојата на прехрамбените производи;
- Не ја намлува активноста на културите во производите со ферментација;
- Нападнатите микроорганизми не развиваат отпорност према Натамицин;
- Поефикасен од химиските конзерванси во много пониски дози;
Примена:
Натамицин Tredimix работи при многу различни прехрамбени и системи за пијалоци, при што ги штити од раст на мувли и квасци. Дозите најчесто се од 10mg/kg и се пониски од сорбатите и други алтернативни конзерванси. Нивоата на актуелната доза варира според видот храна, за да се постигне необходната заштита и да се спречи развојот на несакана микрофлора.


Низин Tredimix
Низин Tredimix e целосно ефикасен против Грам-позитивни бактерии и бактериски спори. Активен е и против некои неспорообразувачки бактерии и го инхибира растот на Listeria monocytogenes. Не е ефикасен против Грам-негативните бактерии,мувли и квасци. Основната употреба на Tredimix Низин е во топлински обработени и спакувани. Tredimix Низин е широко употребуван да го спречува влошувањето на квалитетот на обработеното сирење и производените производи од сирење, млечни производи, конзервирани зеленчуци, супи и сокови. Друга група производи со потенцијална можност за употреба се алкохолни пијалоци, месо и рибни производи. Во зависност од видот на производите Tredimix Низин може да се додава директно во форма на прав или водена суспензија. При pH 2÷4 Tredimix Низин се раствара.

.png)
Обујувач зелен
Се додава за да го обезбои сирењето. Нормалната боја на млекото е жолта (особено при паша на определени пасишта), која што се неутрализира при мешање со зелената боја. Се додава пред културата и калциумот.
Обујувач зелен за сирење е производ на база на хлорофил, кој што дава природна боја на сирењето, дејствува единствено со каротеноидите. При работа со млеко, третирано со обојувачот, сирењето е со побела боја од производ, чија што суровина не е третирана.
Количеството обојувач, необходно за постигање на оптимален ефект зависи од бојата на млекото,содржината на масти и големината на маслените частици (нивото на хомогенизација). Хомогеното разпределување се постигнува со мешање.

Обујувач зелен Tredimix
Обојувачот TREDIMIX му дава на сирењето бела природна боја, неутрализирајки ја жолтеникавата нијанса на производот. Tredimix е обојувач со поголема концентрација, што овозможува помала потрошувачка на суровини..png)
Обојувач портокалов
Темно портокалов раствор без мирис за обојување на кашкавал. Количината на Обојувач, потребно за постигање на саканата цел од корисникот се утврдува со примероци.




