DETECT2

Контрола на квалитет на чистење на медицински и стоматолошки инструменти..
- Патентирана и потврдена технологија во форма на боја за откривање на биофилмови и органски остатоци на медицински инструменти;
- Брзи резултати, видливи по само 5 минути на површината на инструментот;
- Сензитивност на откривање од 10 μg протеин на cm2;
- Регистрирано медицинско средство от класа I;
- Биоразградливост ≥ 90 % (OCDE 302B);
- Без мирис;
- Растворот е стабилен 2 месеци откако ќе се истури во кадичката.
Биофилмовите се заедници на микроорганизми, често повеќе видови, затворени во полимерна матрица кои се развиле на дадена површина. Полимерната матрица околу бактериските клетки овозможува физичко прицврстување на биофилмот на површината и обезбедува заштита на микроорганизмите, што ги прави отпорни на надворешни фактори.
- 90% до 99% од бактериите постојат во форма на биофилм;
- Бактериите во биофилмот се до 1000 пати поотпорни на биоциди, како што се средствата за дезинфекција;
- Повеќето биоциди се тестираат против слободни (планктонски) бактерии, но не и против биофилмови;
- Биофилмовите се насекаде и често се формираат на медицински помагала (инструменти и интравенски катетри, ендоскопи, мијалници за ендоскоп, системи за дијализа итн.);
- Ако дејството на детергентот не е ефикасно против матрицата на биофилмот, бактерискиот биофилм може да одолее на високо ниво на дезинфекција.


DETECT 2
Го открива и невидливото!
Биофилмови, органски загадувачи и протеини
Достапни пакувања
- Пакување од 950 мл;
- Туба од 5 литра;
- Комплет со кадичка и контејнер;







