β-лактами, тетрациклини и цефалексин – лента
β-лактами, тетрациклини и цефалексин – лента

Тест за откривање на β-лактами, тетрациклини и цефалексин во млеко – формат на лента

Предности

  • Детектира три групи антибиотици истовремено - β-лактами, тетрациклини и цефалексин
  • Применливо за кравјо, козјо, овчо и биволско млеко.
  • Применливо за секаков вид млеко (сурово, пастеризирано, UHT, млеко во прав)
  • Лесно за употреба - се изведува во лабораториски и теренски услови
  • Со можност за визуелна и инструментална интерпретација на резултатите
  • Со обезбедени позитивни и негативни контроли
  • Со обезбедени микропипета од 200 μl и врвови за еднократна употреба

 

 

 

Извршување на тестот

  1. Додадете 200 μl млеко во микрокладенчето со реагенс.
  2. Ставете го микрокладенчето  во инкубаторот. Инкубирајте 5 минути на собна температура.
  3. Кога ќе поминат 5 минути, ставете ја тест лентата во микрокладенчето. Инкубирајте уште 5 минути на собна температура (25°C).
  4. Прочитајте го резултатот визуелно или инструментално со читач и софтвер.
Biokom Trendafilov
Biokom Trendafilov

Интерпретација на резултатите

  • Ако тест линиите се повеќе заситени (видливи) или толку заситени како контролата, примерокот е негативен и има пониски концентрации на антибиотици од нивоата на детекција.
  • Ако тест линијата е помалку заситена од контролата или не е видлива, примерокот се смета за позитивен и има концентрации на антибиотици еднакви или повисоки од нивоата на детекција.
  • Резултатот е невалиден во отсуство на контролна линија.