β-лактами, тетрациклини, стрептомицин и хлорамфеникол

Тест за откривање на β-лактами, тетрациклини, стрептомицин и хлорамфеникол во млеко - формат лента
Предности
- Истовремено детектира β-лактами, тетрациклини, стрептомицин и хлорамфеникол
- Применливо за кравјо, козјо, овчо и биволско млеко.
- Лесен за употреба – изведен во лабораториски и теренски услови
- Со можност за визуелна и инструментална интерпретација на резултатите
- Со обезбедени позитивни и негативни контроли
- Се испорачува со микропипета од 200 μl и врвови за еднократна употреба
Извршување на тестот
- Додадете 200 μl млеко во микрокладенчето со реагенсот.
- Ставете го микрокладенчето во инкубаторот. Инкубирајте 3 минути на 45°C.
- Кога ќе истечат 3-те минути, ставете ја тест лентата во микрокладенчето. Инкубирајте уште 6 минути.
- Прочитајте го резултатот визуелно или инструментално со читач и софтвер.


Интерпретација на резултатите
- Ако тест линиите се повеќе заситени (видливи) или толку заситени како контролната, тогаш примерокот е негативен и има пониски концентрации на антибиотици од нивоата на детекција.
- Ако тест линијата е помалку заситена од контролната линија или не е видлива, примерокот се смета за позитивен и има концентрации на антибиотици еднакви или повисоки од нивоата на детекција.






