β-лактами и тетрациклини – лента
β-лактами и тетрациклини – лента
Тест за откривање на β-лактами и тетрациклини во млеко – формат лента

Предности

  • Истовремено ги детектира двете најчести групи на антибиотици - β-лактами и тетрациклини
  • Применливо за кравјо, козјо и овчо млеко
  • Применливо за секаков вид млеко (сурово, пастеризирано, UHT, млеко во прав)
  • Лесен за употреба – изведен во лабораториски и теренски услови
  • Со можност за визуелна и инструментална интерпретација на резултатите
  • Со обезбедени позитивни и негативни контроли
  • Се испорачува со микропипета од 200 μl и врвови за еднократна употреба

Погледнете видео

 

Извршување на тестот

  1. Додадете 200 μl млеко во микрокладенчето со реагенсот.
  2. Ставете го микрокладенчето  во инкубатор. Инкубирајте 3 минути на 40°C.
  3. Кога ќе истечат 3-те минути, ставете ја тест лентата во микрокладенчето. Инкубирајте уште 3 минути.
  4. Прочитајте го резултатот визуелно или инструментално со читач и софтвер.
Biokom Trendafilov
Biokom Trendafilov

Интерпретација на резултатите

  • Ако тест линиите се повеќе заситени (видливи) или толку заситени како контролната, тогаш примерокот е негативен и има пониски концентрации на антибиотици од нивоата на детекција
  • Ако тест линијата е помалку заситена од контролната линија или не е видлива, примерокот се смета за позитивен и има концентрации на антибиотици еднакви или повисоки од нивоата на детекција.

ПОСЛЕДНО ВИДЕНИ ПРОИЗВОДИ