Biokom Trendafilov > Product Page
Eлиминирање на биофилм во CIP системи
Eлиминирање на биофилм во CIP системи

Биофилмот е главниот причинител на загадување во прехрамбената индустрија, се развиват добро како на отворени површини (работни површини, инструменти за сечење и т.н.), така и во затворени системи (цевководи,разменувачи на топлина, мембранскии инсталации, сушилни и т.н). Биофилмот може да ја загади храната во секое време. Заштитени во нивните органични матрици (екзо - полизахариди), овие бактерии стануваат многу издржливи према стандардното чистење (100% поотпорни на алкални препарати за миење) и процедурите за дезинфекција (99 пати поотпорни према хлор и киселини), кои што всушност стануваат неефективни.

Во прехрамбената индустрија, уништувањето на биофилмот води до:

  • Подолг рок на траење на производите
  • Повисок квалитет на производите
  • Зголемување на продуктивноста
  • Намалување на корозијата по површините

Шок ензимска обработка:

Двокомпонентна формула со комбинирано користење на двата производи BioCIP и TensioCIP за ефективно одстранување на биофилмот.

Препорачливо е да се извршува минимум еден пат неделно.

Редовна ензимска обработка:

За спречување на формирање на биофилм, обработувајте ги редовно површиние со EnzyCIP (чистење и уништување) или EnzyBAC CIP (чистење, елиминирање и дезинфекција)

EnzyCip

Чистење + елиминирање на биофилм (1-2% разтвор)

Концентрирана смеса од ензими, специјално направена за контрола и елиминирање на биофилм во CIP системи. Со користењето на EnzyCip ефективно се допринесува за одстранување на биофилм.

Biokom Trendafilov
Biokom Trendafilov

Процедура за изработка:

  1. Плакнење со вода.
  2. Ензимска обработка со EnzyBAC CIP (концентрација 1%). Време на контакт 30-60-120 минути (според должината на системот) при температура 45-55˚C.
  3. Плакнење со вода.

EnzyBac Cip

Дејство на чистење, уништување на биофилм и дезинфекција на CIP системите.

Biokom Trendafilov

BioCIP & TensioCIP

Ензимско третирање на CIP системи и елиминирање на биофилм.

Концентрирани смеси од ензими специјално направени за отстранување на биофилм во CIP системите.

BioCip се користи заедно со TensioCIP. Комбинацијата на овие производи ефективно допринесува за одстранувањето на биофилм.

Biokom Trendafilov
Biokom Trendafilov

Процедура за изработка:

  1. Плакнење со вода.
  2. Алкално миење со детергент според установената процедура.
  3. Плакнење со вода.
  4. Ензимска обработка со TensioCIP (концентрација 0.25%). Време на контакт 60-120 минути при температура 45-50˚C.
  5. Ензимна обработка со BioCIP (концентрација 0.5%). Време на контакт 60-120 минути при температура 45-50˚C.
  6. Плакнење со вода.
  7. Дезинфекција со дезинфектант според установената процедура.
  8. Плакнење со вода.