........КОНТРОЛА НА ТЕРМИЧКАТА ОБРАБОТКА НА МЛЕКОТО

Производителите на млечни производи се под постојан притисок да демонстрират сооднос со меѓународните барања за безбедност и квалитет. Ете зашто тие треба редовно да ја следат и контролираат ефективноста на нивниот процес на пастеризација. Топлинската обработка на млекото во млечната индустрија се спроведува со цел да се добие добар квалитет и санитарно исправни млеко и млечни производи и да се одстрани можноста за појава на недостатоци, предизвикани од несаканата микрофлора во млекото.
Ензимот алкална фосфатаза (ALP) се содржи во свежо млеко и се инактивира при комбинацијата температура/време, која што е необходна за ефективна пастеризација. Недостаток на активност означува, дека млекото поминало адекватна топлинска обработка.
Во одговор на потребите на производителите на млечни производи, „Биоком Тренд" ДООЕЛ нуди нов иновативен систем ZymoSnap ALP и EnSure Touch за тестирање на ензимот алкална фосфатаза (ALP) во млеко. ZymoSnap е специјален тест, наменет да ја проверува ефективноста на пастеризацијата на млекото за само пет минути, чии што резултати се интерпретират со најновата генерација луминометар EnSure Touch. Специјално разработен да дава прецизни, точни и повторливи резултати со што гарантира сигурност на корисниците.
Предности, кои што Ви ги нуди „ZymoSnap":
- Брз – резултат за 5 минути
- Лесен за употреба
- Сигурен – висока чувствителност
- Прецизен – уред „се во едно"
- Одкрива до 0,001% сурово млеко во пастеризирано млеко
- Резултатите се интерпретират со најнова генерација луминометар EnSure Touch, со кој што се читаат исто така:
- контрола на хигиената во водени проби
- контрола на хигиената на површини
- брза микробиолошка контрола на суровини и површини
- контрола на квалитетот на топлинската обработка на месо и месни производи



