MicroSnap Coliform

Брз тест за откривање и броење на Coliforms
Тестот се базира на биолуминогена реакција помеѓу ензимите, произведени од Coliforms и одредени субстрати, при што се произведува светлина. Количината на испуштена светлина се мери со луминометар EnSure Touch. Резултатите се добиваат за помалку од 8 часа во зависност од саканите граници на откривање. Единечни микроорганизми можат да бидат откриени за 8 часа, што овозможува да добиете резултати во рок од еден работен ден или смена
Предности
- Квантитативни резултати за 6 часа
- Резултати за присуство/отсуство за 8 часа
- Мерење на CFU во широк опсег - 10-5 000 CFU, што овозможува штедење на време и трошоци за повеќе разредувања и подготовка на примероци
- Добивање на резултати во истиот ден овозможува навремено корективно дејствување
- Тестирањето на лице место ги намалува трошоците за тестирање во надворешна лабораторија


Чувствителност
- Открива микроорганизми под 10 CFU за 8 часа
- Открива Coliform, вклучувајки и Escherichia, Klebsiella, Citrobacter и Enterobacter






