Biokom Trendafilov > Product Page
Филтри за прочистување на млеко
Филтри за прочистување на млеко

Млеко со високи вредности на соматски клетки и микроорганизми создава проблеми поврзани со неговата последователна обработка, го нарушува нормалното одвивање на технолошките процеси, го влошува квалитетот и го намалува рокот на траење на млечните производи.

Филтерот за чистење на млеко од механички загадувачи и соматски клетки е елегантно и економично решение за подобрување на квалитетот на млекото и продолжување на рокот на траење на сите млечни производи. По филтрацијата, вкупниот број на соматски клетки (ВБСК) во млекото се намалува на 60%, вкупниот број на микроорганизми (ВБМ) на 50%, а механичките нечистотии се отстрануваат на 99%.

Техничка информација:

Филтерот се состои од следните елементи: Корпус од нерѓосувачки челик, кој што се монтира на млеководот и елемент за филтрација за  еднократна употреба, кој што е изработен од полипропилен по специална технологија.
Филтрите имаат различен капацитет, обемите варират во широки граници од 100 литра до 30 тона млеко. Оваа разновидност дава можност филтерот за чистење на млекото од соматски клетки да биде монтиран по целиот пат на млекото.
Промената на елементот за филтрирање е брза и лесна.

Biokom Trendafilov
Biokom Trendafilov

Предности:

  • Ја зголемува одкупната цена на млекото
  • Го прочистува млекото до 99% од механички загадувачи
  • Ја намалува содржината на соматски клетки до 60%
  • Ја намалува содржината на бактерии
  • Го подобрува квалитетот на млекото
  • Го продолжува рокот на траење на производите
  • Го забавува покачувањето на киселоста на млекото
  • Ја подобрува термостабилноста на млекото
  • Го подобрува квалитетот и „животот“ на млекото
  • Не ги менува физичко химиските параметри на млекото
  • Без трошок на електрична енергија
  • Низок трошок – на 8 л. млеко – трошок 1ст.

Примена:

По целиот пат на млекото

  • Во фармата непосредно после инсталацијата за молзење или пред влегувањето на млекото во садот за чување.
  • На пунктовете за откуп на млекото пред влегувањето на млекото во садот за чување
  • Во транспортните средства при товарење на млекото во транспортното средство
  • Во фабриките за преработка на млеко во приемното или оделението за пастеризација, пред или после сепаратор за нечистотии
Biokom Trendafilov

ПОСЛЕДНО ВИДЕНИ ПРОИЗВОДИ