

Натамицин Tredimix
Натамицин Tredimix е ефикасен против широка гама мувли и квасци. Го подобрува изгледот и трајноста на прехрамбените производи.
- Го намалува ризикот од образувањето на квасни микотоксини;
- Нема влијание врз надворешниот изглед , вкус, арома или бојата на прехрамбените производи;
- Не ја намлува активноста на културите во производите со ферментација;
- Нападнатите микроорганизми не развиваат отпорност према Натамицин;
- Поефикасен од химиските конзерванси во много пониски дози;
Примена:
Натамицин Tredimix работи при многу различни прехрамбени и системи за пијалоци, при што ги штити од раст на мувли и квасци. Дозите најчесто се од 10mg/kg и се пониски од сорбатите и други алтернативни конзерванси. Нивоата на актуелната доза варира според видот храна, за да се постигне необходната заштита и да се спречи развојот на несакана микрофлора.


Низин Tredimix
Низин Tredimix e целосно ефикасен против Грам-позитивни бактерии и бактериски спори. Активен е и против некои неспорообразувачки бактерии и го инхибира растот на Listeria monocytogenes. Не е ефикасен против Грам-негативните бактерии,мувли и квасци. Основната употреба на Tredimix Низин е во топлински обработени и спакувани. Tredimix Низин е широко употребуван да го спречува влошувањето на квалитетот на обработеното сирење и производените производи од сирење, млечни производи, конзервирани зеленчуци, супи и сокови. Друга група производи со потенцијална можност за употреба се алкохолни пијалоци, месо и рибни производи. Во зависност од видот на производите Tredimix Низин може да се додава директно во форма на прав или водена суспензија. При pH 2÷4 Tredimix Низин се раствара.





